Атлетико Мадрид со минимален триумф против Бетис

Атлетико Мадрид го оствари четвртиот триумф оваа сезона во Ла Лига, совладувајќи го Бетис на домашен терен со 1-0. Тимот на Диего Симеоне сега има 15 бода и ги прескокна Барселона и Реал Мадрид (14) на табелата и е моментен лидер.

Анхел Кореа во 74.минута конечно успеа да го скрши отпорот на Бетис. Домаќинот долго се мачеше да го отвори резултатот, но погодокот на Кореа беше доволен за триумф и три бода.

Се вчитува...