Атлетико Мадрид за половина час ја декласира Хуеска

Фудбалерите на Атлетико Мадрид одиграа одличен натпревар на „Ванда Метрополитано“ совладувајќи ја Хуеска со 3-0. Тимот на Диего Симеоне доминираше уште од самиот старт и работата ја заврши за половина.

Гризман го отвори резултатот во 18.минута, Томас зголеми на 2-о во 29.минута, а само четири минути подоцна Коке постигна и трет погодок. По ова беше јасно дека „јорганџиите“ ќе освојат три бода, па до крај рутински ја завршија задачата.

 

Се вчитува...