Атлетико Мадрид заинтересиран за Гонзало Игуаин

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин би можел да се врати во Шпанија и да го облече дресот на Атлетико Мадрид, тврди шпанскиот „Дон Балон“. Тој во минатото шест и пол години беше член на Реал Мадрид и постигна 121 гол за составот од „Сантијаго Бернабеу“, а сега би можел да пристигне во градскиот ривал.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, бара замена за Диего Коста кој ќе замине од клубот по завршувањето на сезоната, а една од идеите е да го ангажира Гонзало Игуаин. Тој има договор до јуни 2021 година, а шпанскиот клуб е подготвен да плати отштета од 25 милиони евра.

Игуаин се наоѓа во Аргентина откако побара да замине дома поради здравствените проблеми на неговата мајка.

Се вчитува...