Атлетико на пенали го победи Арсенал во Сингапур (видео)

Арсенал и Атлетико Мадрид ремизираа 1-1 на пријателскиот натпревар што двата европски гиганти го одиграа во Сингапур. И покрај отсуството на мундијалски ѕвезди, Арсенал и Атлетико понудија одличен фудбал со шанси и на двете страни, за на крајот по подобро изведување на пенали на победа да се радува шпанскиот прволигаш.

„Топчиите“ беа подобар ривал во првото полувреме, но сепак се најдоа во негатива од еден гол откако Кореа биеше прецизно, казнувајќи ги трите нереализирани можности да се совлада Јан Облак на спротивната страна. Конечните 1-1 ги постави младиот Емил Смит Роу, по што победникот беше решен со пенал-рулет.

При изведувањето на ударите од белата точка поумешни беа Шпанците, голманот Адан ги одбрани ударите на младите Вилкок и Нкетиа и му ја донесе победата на Атлетико.

Се вчитува...