Атлетико првпат прима три гола дома во Европа во ерата на Симеоне

Вчера на „Ванда Метрополитано“ се одигра интересен натпревар во кој Ливерпул со 2:3 ја совлада екипата на Атлетико Мадрид. Откако „црвените“ поведоа со 0:2, Гризман со два гола донесе израмнување, а потоа доби и црвен картон, со што Ливерпул со гол на Салах од пенал дојде до победата.

Ливерпул е првиот тим кој што му даде три гола на Атлетико Мадрид на негов терен во ерата на Диего Симеоне. А тоа значи дека после повеќе од 10 години Атлети три пати ја вади топката од мрежата, кога станува збор за европските натпревари.

Инаку тимот од Енфилд се наоѓа во серија од 21 натпревар без пораз. Последен пат Ливерпул ја почуствува горчината на поразот минатата сезона кога загуби од Реал Мадрид во ЛШ со 1:3.

Се вчитува...