Атлетико се откажа од Влаховиќ, па купи бразилски голгетер од Бундес-лигата

Атлетико Мадрид конечно го реши прашањето за доведување на нов голгетер во своите редови откако ги финишираше преговорите со Херта за ангажман на Матеус Куња. Шпанскиот првак долго време преговараше со Фиорентина за Душан Влаховиќ, но откако разговорите се одолговлекоа Симеоне го насочи вниманието кон Куња, за кого експресно беа договорени сите детали.

Првата понуда изнесуваше 25 милиони евра, но по разговорите меѓу двата клуба беше договорено вкупната висина на трансферот (отштета плус клаузули во зависност од настапи и постигнати голови) да изнесува 30 милиони евра. Договорот е веќе потпишан и Куња ќе биде во комбинација за настап на наредниот дуел во Ла Лига, во кој Атлетико ќе биде домаќин на Вилјареал.

Се очекува Куња да ја има улогата на резерва сезонава, со оглед на фактот дека покрај Луис Суарез, тренерот Симеоне во тимот го има и Кореја, кој игра во одлична форма на првите натпревари од новиот шампионат.

Се вчитува...