Атлетико со пресврт го реши Наполи, црвен картон за Годин

Атлетико Мадрид е првиот финалист на „Ауди куп“ што се одржува во Минхен, откако во драматичното полуфинале шпанскиот клуб славеше над Наполи со 2-1.

„Наполитанците“ имаат за што да жалат бидејќи при 0-0 не реализираа пенал, потоа Калјехон погоди за 1-0, па Облак му одбрани извонреден слободен удар на Инсиње, што беше најава за пресвртот. Најпрвин Фернандо Торес со прекрасен гол го израмни резултатот на додавање на Гризман, за конечните 2-1 да ги постави Вието

За одбележување е дека Атлетико го заврши натпреварот со десет фудбалери откако апсолутно заслужено црвен картон во финишот доби Диего Годин, по два груби стартови врз италијанските фудбалери.

Во второто полуфинале вечерва ќе се сретнат домаќинот Баерн Минхен и англискиот премиерлигаш Ливерпул.

0-1 José Callejón AMAZING Goal – Atletico… by GSBN

Fernando Torres Goal HD – Atletico Madrid 1-1… by denniskro

2-1 Luciano Vietto Goal Audi Cup – 01.08… by claytonashurst

Се вчитува...