Атлетско чудо од Куба!… Момчето за кое зборува цела планета скокна неверојатни 8.83 метри! (ВИДЕО)

Атлетска сензација на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм во скок во далечина за која зборува цела спортска планета.

19-годишниот Кубанец, Хуан Мигел Ечеварија изведе неверојатен скок од 8.83 метри! За жал, истиот не беше признат затоа што имаше ветер во грб од 2,1 метри во секунда, а дозволената граница е 2 метри.

Но, без разлика на се, ова е најдобриот скок кој светот го видел уште од 1995 година и легендарниот Иван Педрозо, исто така Кубанец кој тогаш скокна 8.96 метри. За жал, и неговиот скок не беше признаен затоа што личноста задолжена за мерење на ветерот тогаш воопшто не успеа да извлече таков податок.

Инаку, светскиот рекорд во скок во далечина за мажи го чува Мајк Пауел кој во Токио во 1991 година скокна 8.95 метри. Младиот Ечеверија ветува дека во иднина и тоа како може да го сруши овој рекорд и да биде првиот човек кој успеал да скокне повеќе од 9 метри!

Се вчитува...