Атман: Морав да си заминам – не земав ниту една плата во Вардар

Павел Атман потпиша за Вардар од редовите на Хановер и требаше да биде големо засилување за актуелниот европски шампион, но „трансферот од соништата“ експресно се претвори во кошмар. Русинот разочара со слабата форма во дресот на „вардарци“, а по големата финансиска криза тој реши да си замине од клубот среде сезона, селејќи се во таборот на Спартак Москва.

Атман во интервју за руските медиуми објави детали од кризата на „вардарци“, обелоденувајќи дека сезонава не зел ниту една единствена плата во Скопје.

„Од почетокот на сезоната, веќе седум месеци играв за Вардар, а не земав ниту една единствена плата. Кризата беше очигледна, а иднината на клубот крајно неизвесна. Имавме многу прашања, а не добивавме одговори. А имам и сериозна семејна ситуација, со сопругата чекаме второ дете и затоа морав да донесам одлука. Заедно решивме да се вратиме во Русија и ја прифативме понудата на Спартак“, изјави Атман.

Се вчитува...