Атомски фудбал и во Лондон и во Мадрид со пресврти уште на полувреме

Одлични средби во првите две 1/4 финалиња во Лондон и во Мадрид. По три гола и на едниот и на другиот натпревар, на кои водат Баерн Минхен и Реал Мадрид, водства кои ги стекнаа со пресврти.

Манчестер Сити многу рано поведе, уште во 2. минута преку Бернардо Силва од слободен удар. Меѓутоа Камавинга и Родриго за само две минути, односно во 12. и во 14. минута се погрижија за пресврт.

Во Лондон обратна ситуација. Домашните поведоа, па гостите дојдоа до пресврт. Сака во 12. минута го израдува „Емирати“, но Гнабри во 19. минута израмни, а потоа Кејн од пенал во 32. минута донесе пресврт и водство за „Баварците“.

Се вчитува...