АТП: Дојде крајот за Федерер од листата на „топ 10“ најдобри тенисери!

Роџер Федерер, моментално е деветти тенисер во светот, но веќе ја губи и оваа позиција по добрите резултати на Каспер Рад. Норвежанец наскоро ќе го претекне на најновата АТП листа благодарение на добриот резултат во Индијан Велс.

Она што е сигурно е дека Федерер ќе го загуби и местото број 10 до крајот на овој турнир. Имено, дури седум тенисери имаат шанса да го претекнат, некои помали, некои поголеми, но сигурно е дека од следниот понеделник нема да го видиме Федерер во топ 10 тенисери во светот.

Хуберт Хуркач, Јаник Синер, Денис Шаповалов, Диего Шварцман, Кристијан Гарин, Пабло Каренјо Буста и Гаел Монфилс се тенисери кои можат да го отстранат Федерер од топ 10, листа на која големиот швајцарски тенисер веќе долго време се наоѓаше.

Се вчитува...