АТП ги избра најдобрите на деценијата – Ѓоковиќ пред Надал и Федерер

Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер во светот во минатата деценија според професионалната асоцијација на тенисери АТП. Меѓу најдобрите пет покрај Србинот, се најдоа и Рафаел Надал, Роџер Федерер, Енди Мареј и Стен Вавринка.

АТП во рекапитулацијата на минатите десет години констатираше дека Ѓоковиќ, Мареј и Вавринка им се приклучиле на Федерер и Надал во доминацијата со светскиот тенис. Српскиот тенисер во минатата деценија освои 61 трофеј, од кои 15 грен-слеми, четири трофеи од Завршниот турнир и 29 мастерси. Тој во еден момент ги имаше во сопственост сите четири грен-слеми, а е и првиот тенисер кој успеал да ги освои сите Мастерси.

Рафаел Надал освои 48 титули, од кои 13 грен-слеми и 20 мастерси, а четири пати годината ја заврши на првото место. Федерер триумфираше на 42 турнири, од кои 6 грен-слема, два пати Завршниот турнир и 12 Мастерси.

Се вчитува...