АТП ги израдува тенисерите: Новото бодување ќе важи до март 2021

АТП реши да им излезе во пресрет на тенисерите и новиот начин на бодување кој беше воведен поради проблемите што ги имаше тенисот поради пандемијата на коронавирусот ќе важи до март 2021 година. Новото бодување првично требаше да важи заклучно со декември годинава.

Кога тенисот влезе под болкада поради коронавирусот, АТП реши да ја замрзне рејтинг листата, а со враќањето на турнирите организацијата донесе одлука да го промени системот на бодување.

Според промените, ако играч оствари послаб резултат на турнир во однос на претходната година ќе му се пресметува подбориот резултат. Ова значи дека ниту еден тенисер нема да има помалку бодови во однос на замрзната листа во март. Така на пример, Рафаел Надал ќе ги има бодовите од ланската титула на Ролан Гарос без разлика дали ќе го загуби финалето утре со Новак Ѓоковиќ.

Додакот е дека бодовите освоени на Австралија Опен годинава ќе бидат одземани во 2022 година, но нема да бидат сметани во билансот преку кој ќе се обезбедува учество на завршниот турнир во 2021 година.

 

 

 

 

Се вчитува...