АТП: Ѓоковиќ е неприкосновен на врвот, Зверев пред Надал

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја поминува 335-та недела на врвот на АТП листата. Шампионот во Синсинати, Александар Зверев ја зазеде четвртата позиција. Ноле има 11.113 поени на врвот на листата. Математички е невозможно Новак да ја игуби првата позиција до 11 октомври, што значи дека тој сигурно ќе ја носи титулата „најдобар тенисер на светот“ 341 недела.

Русинот Данил Медведев остана на второто место со 9.980 поени, додека Гркот Стефанос Циципас беше трет со 8.350. Шампионот во Синсинати, Александар Зверев, кој сега има 8.240 поени, се проби на четвртото место. Рафаел Надал падна на петтото место со 7.815.

Немаше други промени во Топ 10. По нив следуваат Доминик Тим, Андреј Рублев, Матео Беретини, Роџер Федерер и Денис Шаповалов.

 

 

 

 

Се вчитува...