Ѓоковиќ и Барти останаа на врвот на ранг листите

По завршувањето на првиот овогодишен Гренд слем Австралија опен, а вообичаено понеделнички се објавуваат најновите тениски ранг листи.

Без сериозни промени минува најновото тениско рангирање. Иако не му беше овозможено да настапи во Мелбурн, сепак Новак Ѓоковиќ останува на првата позиција на АТП листата. Сега Србинот има нешто помалку од 1000 бодови предност во одност на Русинот, Даним Медведев кој беше поразен во финалето од Рафаел Надал.

Шпанецот пак кој дојде до рекордниот 21-ви гренд-слем трофеј останува на петата позиција зад Германецот, Александер Зверев и Гркот, Стефанос Циципас кои се на третото и на чњтвртото место.

Единствената промена во ТОП 10 ја направија Матео Беретини и Андреј Рубљев , па така сега Италијанецот е на шестото, а Русинот на седмото место.

Затоа пак кај дамите има повеќе промени во 10-те најдобри на ВТА листата. Но, неприкосновена на првото место е Австралијката, Ешли Барти кој откако во саботата победи во Мелбурн, ја зголеми и предност во однос на второрангираната Арина Сабаленка од Белорусија.

Сега на третото и четвртото место се Крејчикова и Шватек додека Гарбине Мугуруза од Шпанија се симна четири позиции и сега е седма.

Најголем прогрес оствари финалистката на Австралија опен, Даниеле Колинс која направи скок од 20 места и е 10-то рангирана на ВТА листата.

Се вчитува...