АТП: Ѓоковиќ и понатаму најдобар на светот, Рубљов го престигна Федерер

Новак Ѓоковиќ ја започна 317. недела на првото место на АТП-листата, а сега е теоретски невозможно некој да го престигне пред да го продолжи тој рекорд на 320 недели. Андреј Рубљов напредуваше во листата на најдобри тенисери.

АТП регистрираше една промена во топ 10 – по пласманот во финалето на Монте Карло, Андреј Рубљов го престигна Роџер Федерер на седмото место во светот.

Фабио Фоњини падна за девет места и сега е на 27-та позиција, а Ден Еванс се искачи за седум позиции и сега е на 26-то место.

ТОП 10:

1. Новак Ѓоковиќ 11.873
2. Данил Медведев 9.850
3. Рафаел Надал 9.490
4. Доминик Тим 8.615
5. Стефанос Циципас 7.860
6. Александар Зверев 6.125
7. Андреј Рубљов 5.955
8. Роџер Федерер 5.875
9. Диего Шварцман 3.720
10. Матео Беретини 3.453

Се вчитува...