АТП: Ѓоковиќ му побегна на Медведев, Србинот ја започна 339-та недела на врвот

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја започна 339-та недела на првото место на АТП листата. Србинот продолжи да ја зголемува разликата во однос на Роџер Федерер во овој статистички параметар, па сега има 29 недели повеќе поминати на врвот на АТП листата во споредба со Швајцарецот.

Покрај тоа, Новак ја зголеми разликата и во однос на Данило Медведев, кој минатата недела загуби 227 поени кога имаше 10.780. Почнувајќи од оваа недела, победникот на УС Опен има 10.553 поени.

И оваа недела нема поголеми промени во рангирањето на најдобрите десет, па по Новак и Данило следуваат Стефанос Цикипас, Александар Зверев, Андреј Рубљев, Рафаел Надал, Матео Беретини, Доминик Тим, Роџер Федерер и Каспер Рад.

Се вчитува...