АТП: Ѓоковиќ супериорно на врвот за крај на 2021

Новак Ѓоковиќ ја заврши годината на врвот на АТП листата по рекорден седми пат. Српскиот тенисер денес ја започна 348-та недела од своето владеење.

Во неделата заврши Финалниот Мастерс, последниот АТП турнир во сезоната, по што е објавена и новата последна ВТА листа. На првото место е Новак Ѓоковиќ со 11.540 бодови. Српскиот тенисер се пласираше во полуфиналето на турнирот во Торино и заработи плус 600 поени.

Второто место го зазема Русинот Данил Медведев со 8.640 бодови, а трет е Германецот Александар Зверев, кој по триумфот на Завршниот Мастерс има 7.840 бодови.

Во топ 5 завршуваат и Стефанос Циципас и Андреј Рубљев. По нив следуваат Рафаел Надал, Матео Беретини, Каспер Руд и Хуберт Хуркач.

Се вчитува...