АТП Куп – нова ера за репрезентативниот тенис

Светската тениска асоцијација воведува ново репрезентативно натпреварување кое ќе биде замена за досегашниот Дејвис куп. АТП Купот ќе почне во 2020 година и ќе се одржува на почетокот на јануари во три австралиски града. Во натпреварувањето ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во шест групи.

Наградата за освјувачот на титулата ќе биде 15 милиони долари и по 750 ранкинг бодови за тенисерите кои се дел од тимот. Со оваа одлука во календарот на АТП се враќа тимското-репрезентативно натпреварување кое во поинаков формат постоеше до 2012 година.

Натпреварувањето го подржа светскиот тенисер број еден и претседател за асоцијацијата на играчи, Новак Ѓоковиќ како и Роџер Федерер.

„Ми се допаѓа тоа што натпреварувањето е по АТП и што им припаѓа на играчите, особено ми се одпаќа што ќе добиваме ранкинг поени. Ова ќе биде најдобар начин за почнување на сезоната и тоа во Австралија каде што има грен-слем турнир и богата тениска традиција. Ова ќе биде многу важно за обединувањето на нациите бидејќи ние постојано настапуваме како индивидуалци и ќе биде убав момент кога со гордост ќе ја претставувам мојата држава“ – изјави Ѓоковиќ на промоцијата на новото натпреварување.

 

Се вчитува...