АТП листа: Без промени на врвот, Новак Ѓоковиќ убедливо прв – Зверев го престигна Федерер

Новак Ѓоковиќ ја минува 315-та недела на врвот на АТП-листата. Александар Зверев го замени Роџер Федерер на шестата позиција, а шампионот на Мајами, Хуберт Хуркач напредуваше за 21 место.

Српскиот тенисер ја држи првата позиција со 11.963 поени. Втор е Русинот Данил Медведев со 10.030, а трет е Шпанецот Рафаел Надал со 9.670. Немаше промени во Топ 5, следен од Доминик Тим (8.660) и Стефанос Циципас (7.040).

Александар Зверев се проби на шестата позиција, додека Роџер Федерер падна на седмата. Во Топ 10 се и Андреј Рубjов, Диего Шварцман и Матео Беретини.

Шампионот на Мастерсот во Мајами, Хуберт Хуркак, напредуваше за 21 место и заклучно со овој понеделник, тој е 16-ти тенисер во светот.

Се вчитува...