АТП листа: Ѓоковиќ се приближува до рекордот на Федерер

На контото на Новак Ѓоковиќ е уште една недела на врвот на АТП листата. Вкупно, Србинот досега има 291 седмица на првата позиција. Од овој момент 19 недели го делат до рекордот на Роџер Федерер кој изнесува 310 недели на лидерското место.

Ако има добар резултат на турнирот во Виена ќе биде и матеметички јасно дека Ѓоковиќ ќе ја заврши 2020 година на првата позиција иако секако се мали шансите да не биде број еден на крајот одо оваа година. Според пресметките, а ако се има предвид новиот систем на бодување кој ќе важи до март 2021, Ѓоковиќ токму тогаш ќе го достигне Федерер.

Што се однесува до најновата АТП листа, нема поголеми промени меѓу водечката десетка. Андреј Рубљов се проби на осмото место и ги истисна Диего Шварцман и Матео Беретини.

 

 

Се вчитува...