АТП: По победата на Вимблдон, Ѓоковиќ е неприкосновен владетел

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја минува 329-та недела на врвот на АТП-листата. Зад него се наоѓаат Данил Медведев и Рафаел Надал, а во ТОП-10 се случија неколку промени.

Новак триумфираше на Вимблдон во неделата, со што ја освои 20-та гранд-слам титула, што го изедначи рекордот на Рафаел Надал и Роџер Федерер.

На првото место, Србинот има 12.113 поени. По него следуваат Русинот Данил Медведев (10.370) и Шпанецот Рафаел Надал (8270). Гркот Стефанос Циципас (8.150) ја задржа четвртата позиција, додека Германецот Александар Зверев (7.475) се проби во Топ 5.

Доминик Тим падна на шестото место, додека Андреј Рубљов остана на седмото место. Финалистот на Вимблдон, Матео Беретини сега е осми играч во светот, Роџер Федерер е деветти, а Денис Шаповалов е 10-ти.

Се вчитува...