АЦБ лигата со „специјал“ за Нено Димитријевиќ: Најдоброто од Македонецот во сезоната 2019/20 (ВИДЕО)

Шпанската АЦБ лига подготви „видео-специјал“ за македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ како начин за заокружување на изминатава сезона која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.

АЦБ лигата промовираше видео со најдоброто од Димитријевиќ во сезоната 2019/2020 во која блесна во дресот на шпански Хувентуд.

„И покрај неговата младост, Ненад Димитријевиќ се издвои како нов лидер на Хувентуд. Неговото креативно „лудило“ го дополнува сега и со моќната техника кои му дозволуваат речиси невозможно-атрактивни потези вредни за потсетување“ – пишува во коментарот на официјалните профили на АЦБ лигата.

Се вчитува...