Аце Станковски повеќе не е тренер на МРК Куманово

Искусниот македонски стратег Аце Станковски повеќе не е прв тренер на суперлигашот МРК Куманово откако си поднесе оставка на кормилото на клубот.
Засега позицијата прв тренер на МРК Куманово ќе ја преземе Љубиша Димковски кој минатата сезона го водеше тимот до опстанок во македонскиот машки ракометен шампионат, пренесуваат од клубот.
„МРК Куманово му се заблагодарува на Аце Станковски на досегашната соработка и негов ангажман и му посакува среќа и успех во неговата понатамошна професионална кариера и работа“, стои во соопштението на суперлигашот.

Се вчитува...