Аце Стојков: Има одлична хемија во репрезентацијата, Пандев е како виното…

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го игра полуфиналниот дуел против Косово во Лигата на нации. Горан Пандев ќе ја предводи националната селекција, а втората половина од некогашниот супертандем Пандев – Стојков, дава поддршка за пласман на Европско првенство.

„Очекуваме победа и пласман на ЕП. Оваа шанса не смееме да ја пропуштиме. Има одлична хемија во репрезентацијата, заедништво…Нема стари и млади фудбалери, во репрезентацијата играат најдобрите. Пандев е како виното, се уште игра одлично во Италија“, вели Аце Стојков.

Се вчитува...