Аце Трајковски трет на вечната листа со најголем број настапи за репрезентацијата (ФОТО)

Еден од најискусните македонски репрезентативци Александар Трајковски, со вчера одиграниот натпревар против Украина во Прага во квалификациите за ЕП 2024, се проби на третото место на вечната листа на фудбалери со најголем број настапи во националниот дрес.

Трајковски вчера дојде до бројката од 85 официјални репрезентативни настапи, минувајќи го Величе Шумуликоски кој е со 84 настапи. На врвот на вечната листа е Горан Пандев со 122 репрезентативни настапи, пред Гоце Седлоски кој имаа 100 настапи во А-тимот.

Александар Трајковски дебитираше за Македонија во август 2011 година на дуелот против Азербејџан. Досега има 20 погодоци во македонскиот дрес. Се очекува наскоро да биде третиот Македонец, заедно со Пандев и Седлоски, со 100 настапи за репрезентацијата.

Се вчитува...