Ацо Јоновски со донација, за помош во битката против Ковид-19

Долгогодишниот македонски репрезентативец Ацо Јоновски пред крајот на кариерата замина во Германија, но и додека се наоѓа далеку од државата нашиот интернационалец наоѓа начин да им помогне на жителите на родната Струга.

Тој во неколку наврати донираше за опремување на училуштата во Струга, а сега излезе во пресрет и во борбата против Ковид-19, донирајќи опрема за болницата во овој град. Тој донираше два респиратори и еден тубус за интубација, опрема што сигурно ќе им биде добредојдена на медицинските лица како помош во борбата за човечки животи

Јоновски моментно е тренер и играч во германскиот нисколигаш Ратинген, каде настапуваа и Филип Лазаров и Петар Ангелов.

Се вчитува...