Никола Јокиќ продолжува да собира комплименти на кошаркарската сцена откако српскиот ас во голем стил ја почна и новата натпреварувачка сезона, продолжувајќи ја доминацијата од ланскиот шампионат во кој се закити и со НБА-титулата.
Хрватскиот стратег Александар Петровиќ објасни еден детал со кој Јокиќ целосно ги излуде Американците, на кои ќе им треба доста време за да најдат начин да го неутрализираат одличниот српски центар.
„Јокиќ и Денвер во целост ја променија кошарката. Со позиција пет Јокиќ игра плејмејкер, а пониските кошаркари во континуитет му поставуваат блокови со добро воиграни движења и акции во нападот. Засега она што го игра Денвер е невозможно да биде запрено од противниците. Ќе треба да мине време за другите клубови да најдат решение за тоа“, изјави Александар Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА