Контроверзната парагвајска сенаторка Селесте Амариља повторно предизвика бура во јавноста со нови навреди упатени кон француската ѕвезда Килијан Мбапе по осминафиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Парагвај.
Зборувајќи во Сенатот, Амариља го критикуваше однесувањето на Мбапе по последниот свиреж, тврдејќи дека одбил да се ракува со голманот Орландо Гил.
„Што нè налути најмногу? Орландо Жил, човекот кој за прв пат играше на еден ваков настан, му се приближи и му подаде рака со понизноста што ги краси Парагвајците, а тој кучкин син одби да му подаде раката и уште му викаше во лице. Ова не е однесување на Французин“, рече Амариља.
« CE FILS DE P*TE REFUSE DE SERRER LA MAIN ET HURLE DE JOIE DEVANT ORLANDO GILL » 😡
Celeste Amarilla (sénatrice paraguayenne) s’en prend une nouvelle fois à Kylian Mbappé en l’insultant… 🤮
pic.twitter.com/px4rpSU1uR— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) July 8, 2026
Ова не е прв пат сенаторката јавно да го навредува напаѓачот на Франција. Веднаш по елиминацијата на Парагвај, таа даде низа расистички и навредливи коментари на негова сметка, што предизвика бројни осуди.
Мбапе тогаш не и остана должен и рече дека таа е „одвратна жена недостојна за својата позиција“, истакнувајќи дека нејзините расистички испади го нарушуваат угледот на Парагвај и фрлаат сенка врз одличниот настап на репрезентацијата на Светското првенство.
Поради тие изјави, Француската фудбалска федерација најави правни чекори против сенаторката.
Да ве потсетиме дека тензиите меѓу Мбапе и Жил се појавија веднаш по завршувањето на натпреварот. Парагвајскиот голман подоцна рече дека се обидел да му честита на Французинот со подавање рака, но бил игнориран од Мбапе, по што дошло до кратка вербална расправија меѓу играчите.
Франција тешко го доби тој натпревар со 1-0 и се пласираше во четвртфиналето, а ќе се бори за полуфиналето денеска против Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
