Ацо Тодоров останува на чело на Крајова

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, потпиша нов договор со екипата на Крајова, на чие кормило ќе остане и во наредната натпреварувачка сезона. За услугите на Тодоров се интересираа уште неколку романски прволигаши, но македонскиот стратег остана лојален на клубот во кој ги мина последните две сезони. За Македонецот ова ќе биде четврта сезона во Романија, откако една мина и на клупата на Динамо Букурешт.

Задоволен сум од постигнатиот договор, верувам дека ќе успееме да оствариме уште подобри резултати отколку во претходните две сезони“, кратко изјави Тодоров по потпишувањето на новиот договор со клубот.

Александар Тодоров е тренерот што му ја донесе на МЗТ Скопје првата шампионска титула во мак-баскетот. Покрај ангажманите во Романија, тој имаше и две авантури во бугарскиот шампионат, по три сезони минувајќи на клупите на Рилски Спортист и на Балкан од Ботевград.

Се вчитува...