Аугсбург остана без тренер поради паста за заби

Бундес-лигата е прва од големите европски лиги која се враќа по пандемијата на коронавирусот, а поради бизарна грешка Аугсбург ќе биде без тренерот Хајко Херлих. Тој нема да биде на клупата поради тоа што го напуштил хотелот за да купи паста за заби од најблиската продавница. Но, клубовите се обврзаа дека тимовите ќе бидат во најстрог карантин една седмица пред продолжението на германскиот фудбалски шампионат. Ова значи дека Хајко Херлих нема да смее да биде со фудбалерите и со стручниот штаб поради мерките за безбедност и заштита од Covid-19.

„Направив грешка кога го напуштив хотелот. Иако се водев според сите хигиенски мерки, сепак, мора да се почитуваат строгите правила, а јас направив грешка и тоа не е добар пример за останатите. Нема да бидам на тренингот в петок и нема да го водам тимот на натпреварот против Волфсбург в сабота“, изјави Хајко Херлих.

Аугсбург се наоѓа 14.позиција на табелата во Бундес-лигата.

 

Се вчитува...