Аугсбург со голови во првата и во последната минута извлече реми со Баерн… (ВИДЕО)

Баерн Минхен прокоцка победа за запоседнување на врвот во Бундеслигата на гостувањето против Аугсбург во 8. коло. Баварците стигнаа само до реми (2-2) откако Аугсубург постигна гол во 92. минута за конечни 2-2.

Претходно, домашните поведоа, пак, по само 27 секунди игра преку Рихтер…

Но, Баерн не остана на тоа па со головите на Левандовски во 14. минута и Гнабри во 49. минута дојде до водство од 1-2, кое го испушти во последните секунди.

 

Во дербито на врвот Лајпциг и Волфсбург ремизираа (1-1). Лајпциг поведе со голот на Вернер во 54. минута, а Волфсбург израмни со голот на Вигорст во 82. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО

Аугсбург – Баерн Минхен 1-2

Фортуна Дизелдорф – Мајнц 1-0

Лајпциг – Волфсбург 1-1

Унион Берлин – Фрајбург 2-0

Вердер – Херта 1-1

Борусија Дортмунд – Менхенгладбах (18:30 ч.)

Се вчитува...