Аурелио де Лаурентис позитивен на коронавирус

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е позитивен на коронавирус, потврдија од калчолигашот. Де Лаурентис минатата вечер бил на состанок со претседателите на сите клубови во Серија А, а денеска добил позитивни резултати.

„Наполи објавува дека Аурелио дe Лаурентис е позитивен на Ковид-19 по тестирањата направени во текот на вчерашниот ден“, се вели во официјалното соопштение на клубот од Неапол. 

Се вчитува...