Аусбург го отпушти тренерот по серијата лоши резултати

Тренерот на германскиот бундеслигаш Аусбург, Сандро Вагнер повеќе нема да ја извршува оваа функција откако беше постигнат договор за прекин на соработката по серијата на лоши резултати од самиот старт на сезоната.

Вагнер го превзема бундеслигашот минатото лето и стартуваше со триумф над Фрајбург од 3-1, но резултатите кои следеа му пресудија за ангажманот.

Аусбург има само три победи во 12 одиграни средби во елитниот германски фудбал, а претрпе и елиминација од второлигашот Бохум во Купот на Германија па спас за сезоната ќе бара со нов тренер.

Се вчитува...