Аусбург ја продлабочи кризата на Ајнтрахт Франкфурт

Аусбург стави крај на серијата од три натпревари без победа во Бундеслигата откако во 13. коло славеше на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт со 2-1 притоа продлабочувајќи ја кризата кај гостите кои претрпуваат пораз втор натпревар во низа.

Во 35. минута преку голот на Јенсен Аусбург поведе со 1-0, а предноста ја зголеми Иаго во 58. минута. Аусбург можеше да стигне и до трет гол во 76. минута, но Демировиќ промаши пенал, а казната стигна две минути подоцна кога Дахмен ја затресе сопствената мрежа за конечни 2-1.

Се вчитува...