Аутопсијата потврди: Астори починал од срцев удар

Капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, починал во сон од срцев удар, потврди аутопсијата на неговото тело. Според извештаите на вештите лица, срцето на Астори прогресивно ослабувало, се до конечното запирање. Ова ги отстрани сите дилеми дека неговата смрт настапила по насилен пат.

Погребот на италијанскиот репрезентативец ќе се одржи утре, а неговото тело ќе биде изложено во базиликата Санта Кроче во Фиренца.

Во меѓувреме, фудбалерите на Фиорентина денеска го одржаа првиот тренинг по трагедијата.

Се вчитува...