Авантура од Битола преку Скопје за Кавадарци

На настанот за прогласување на автомобил на годината одржан вчера, 06.04.2017, по изборот организиран од страна на магазинот Авто Плус, се уверивме дека нашиот избор на КИА Спортаж за премија на инстант лозот Авантура е вистинскиот избор на автомобил за нашите играчи.

На вчерашниот настан во хотел Парк во Скопје, нашите соработници од КИА Моторс Македонија, го поканија и  најновиот добитник на атрактивниот КИА Спортаж од инстант лозот Авантура, кој својот добитен лоз го изгреба на среќното место Вагабонд на Широк сокак во Битола, токму на 1рви април.

Во прекрасна атмосфера и присуство на над двестотини гости, Марјана Станојковска, го додели урбаниот убавец на Борис Грков од Кавадарци. Првите честитки пристигнаа од Генералниот директор на Државна лотарија на Македонија кој на добитникот му посака безбедно и среќно уживање во добивката. Кон честитките се придружија и одговорни лица од тимот на КИА Моторс, со конкретни совети и истакнување на многуте предности на КИА Спортаж.

На вчерашниот настан, каде беа паркирани прекрасни репрезенти од моделот КИА Спортаж, што по настанот се враќаат во салонот на КИА Моторс, Спортажот на Борис, беше единствениот што замина за Кавадарци.

Нашиот најнов член на семејството добитници – Борис Грков е студент од Кавадарци, студира во Битола, каде и го купил лозот Авантура од среќното место Вагабонд на Широк сокак. Неговата авантура започна токму на 1рви април, како од шега. Симболиката на денот во случајот на Борис му отежнуваше да најде начин за да ја пренесе информацијата а другите да поверуваат во неа. Таква беше и најавата за време на 1рвоаприлската емисија НовоЛото која водителката Марјана соопшти: Не е првоаприлска шега, туку што ми јавија дека во Битола, на продажното место Вагабонд е изгребан КИА Спортаж.

dobitnik kia 2

Минатата година пред подготовката на инстант лозот Авантура, за да одлучиме кој ќе биде првиот СУВ кој ќе се најде на инстант лоз, спроведовме анкета на среќните места ширум Македонија, со цел играчите да го направат својот избор, а тие избраа КИА Спортаж, по што ја востановивме и соработката со КИА Моторс Македонија и по што начиот и инснат лоз Авантура се закити со дури десет возила, од кои еден веќе се вози во Прилеп, еден во Кичево и еден во Скопје. Големиот интерес за инснат лозот Авантира, се должи најмногу на можноста да се стане сопственик на прекрасен КИА Спортаж за само 60 денари

Авантурата на Борис Гроков со лозот Авантура изгребан на Широк сокат, започна во Битола, продолжи за Скопје, замина за Кавадарци. Околу Велигденските празници ги очекуваме на продажното место Вагабонд да се дружиме со Марјана и тимот на Државна лотарија на Македонија, да ја прославиме добивката и да се запознаеме поблиску со среќната приказна на Борис.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !

Комерцијален текст

Се вчитува...