Аврам Грант стручно ќе ја коментира Израел – Македонија (ФОТО)

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Поранешниот селектор на Израел, Аврам Грант е стручен коментатор на квалификацискиот натпревар Израел – Македонија кој од 20:45 часот се игра на стадионот „Сами Офер“ во Хаифа.

Некогашниот тренер на англиските премиерлигаши Челси, Вест Хем и Портсмут, но и стратег на белградски Партизан ќе биде ко-коментатор за националната телевизија на Израел, но и за ТВ каналот на УЕФА дополнително ќе ги прокоментира случувањата на теренот на „Сами Офер“.

Последниот ангажман на 62-годишниот Грант беше на селекторската функција на Гана во периодот од 2014 до 2017 година.

Се вчитува...