Аврамовски и Ѓорѓев нови имиња на списокот на Ангеловски за мечевите со Австрија и со Израел

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот фудбалери за последните два натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2020 против Австрија во Виена на 16. ноември и против Израел во Скопје на 19. ноември.

Ангеловски повика 23 фудбалери, со две нови имиња во однос на претходните собири, Даниел Аврамовски од Вардар и Никола Ѓорѓев од швајцарски Грасхоперс. Иако се повикани, поради три жолти картони, за првиот натпревар со Австрија нема да може да се смета и на Муслиу, Николов и Несторовски кои ќе бидат во комбинација за натпреварот со Израел.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 11. ноември, а во петок на 15. ноември се патува за Австрија.

СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ СО АВСТРИЈА И СО ИЗРАЕЛ…

Се вчитува...