Аврамовски: Имам понуди, но нема да брзам, сакам да ја изберам најдобрата

Дел од романските медиуми објавија дека македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски ќе биде нов член на Динамо Букурешт.

Популарниот Цујо во изјава за ЕКИПА вели дека има многу понуди од неколку клубови, но и натаму нема ништо конкретно.

„Засега има интерес од клубови, ама нема уште ништо официјално. Немам ништо договорено со никого, но нема да брзам затоа што и да потпишам некаде, немам право да играм. Кајзери ми го раскина договорот после преодниот рок, и поради тоа ќе морам да чекам до јануари“, рече Аврамовски.

Се вчитува...