Аврамовски: Посакувам против Израел пред полни трибини да ги завршиме квалификациите

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

И фудбалерот од средниот ред на Вардар, Даниел Аврамовски е дел од играчите кои дебитираа во сениорскиот национален дрес на мечот против Австрија.

Аврамовски по дуелот на „Ернст Хапел“ нагласи дека квалитетно одиграното второ полувреме треба да биде еден вид повик за македонските навивачи да присуствуваат на натпреварот во Скопје против Израел и да дадат поддршка со триумф да се завршат овие квалификации.

„Среќен сум поради дебито во националниот тим. Во второто полувреме имавме добар ритам иако губевме со 2-0. Но создадовме неколку одлични шанси, на крајот постигнавме и погодок. Не очекува последниот меч со Израел на кој ќе се потрудиме да оствариме победа и да ги израдуваме навивачите. Би сакале да дојдат во голем број и да не бодрат“ – порача Аврамовски од Виена.

Се вчитува...