Аврамовски во преговори со Сараево, има понуда од Турција и интерес и од Бразил

Даниел Аврамовски е во сериозни преговори со Сараево за премин во овој клуб. Новиот тренер Александар Васоски е главниот „адут“ за трансферот на Аврамовски во БИХ, иако тој има понуди од Турција и Романија, а интерес има дури и од Бразил.

Аврамовски е пред потпис со Сараево, меѓутоа во трката за потписот се и турски клуб и романскиот прволигаш Динамо Букурешт. Турскиот клуб е Самсунспор, меѓутоа фактот што настапува во втората по ранг турска лига, ги намалува шансите за потпис и враќање на популарниот „Цујо“ во Турција.

Од друга страна, пак, на социјалните мрежи има информација дека бразилскиот тим Флуминензе веќе стапил во контакт со Аврамовски уште пред нова година.

Се вчитува...