Аврамовски: Сакам да дебитирам, се надеваме на успех против Австрија

Одличните игри во дресот на Вардар оваа сезона во Првата фудбалска лига му го донесоа на Даниел Аврамовски дебитантскиот повик во А-тимот. Тој беше дел од „златната генерација“ во младиот национален состав, а сега за првпат доби покана и од Игор Ангеловски. Посакува да дебитира на наредните два меча против Австрија и против Израел и верува во успешни резултгати.

„Моја желба е да дебитирам за Македонија, си ја сакам државата и ќе дадам се од себе во дресот на репрезентацијата. Ако ми биде дадена шанса, ветувам дека ќе ја искористам. Австријците се одлична репрезентација, но ние се предаваме, ќе одиме да одиграме најдобро што знаеме и да оствариме позитивен резултат“, изјави Даниел Аврамовски.

Се вчитува...