Аврамовски со гол првенец, Сараево на чекор до финале во купот на БиХ

Александар Васоски и неговиот Сараево со предност од 2-0 ќе патуваат на гостувањето кај второлигашот Игман во реваншот од полуфиналето во Националниот фудбалски куп на Босна и Херцеговина.

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски со својот гол првенец за тимот од главниот град на Босна и Херцеговина му донесе водство од 1-0 во 28. минута, додека конечните 2-0 ги постави Чатаковиќ во 71. минута. Реваншот од ова полуфинале ќе се игра на 20. април.

Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Вележ од Мостар и Тузла.

Се вчитува...