Австралија дозволува, но премиерот на сојузната држава Викторија не сака да пушти невакцинирани

Премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендруз и понатаму е на став дека невакцинираните тенисери не треба да им се дозволи влез во Австралија. По најавите дека Тениската федерација на Австралија прави се што може невакцинираните тенисери да дојдат во Австралија со двенеделен карантин, повторно се јави човекот кој постави ригорозни мерки и повеќемесечно затворање на Мелбурн и останатите градови во државата Викторија.

„Пробајте да влезете во САД, во поголемиот дел на Европа и во некои делови на Азија, а да не сте вакцинирани. Нема да добиете виза. Зошто тука да биде различно? Не мислам дека тука има што многу да се каже, ако сакате една од тие визи или да дојдете тука, мора да бидете вакцинирани со две дози“, изјави Ендруз. 

Од друга страна премиерот на Австралија, Скот Морисон на прашањето дали значи дека невакцинирани тенисери може да влезат во земјата, накратко одговори само „Точно“.

Се уште не се знае што ќе се случува на австралискиот гранд-слем, а темата најмногу се отвора поради тоа што се уште не се знае дали Новак Ѓоковиќ е вакциниран и со самото тоа дали ќе може да настапи на турнирот на кој е рекордер.

Се вчитува...