Поради проблемите со пандемијата од коронавирусот и големиот број на новозаразени, владата на Австралија донесе одлука сите лица кои ќе дојдат во земјата да мора да поминат две недели во карантин.
Директорот на Австралија опен, Крег Тили најави дека тениската федерација на оваа земја соработува со владата како би им бил дозволен тренинг на тенисерите во периодот во кој ќе бидат во изолација.
Првиот грен-слем во новата сезона ќе биде одигран во периодот од 18. до 31. јануари следната година, а Тили се обидува да ги натера сите тенисери да стигнат во земјата пред 14. декември. Организаторите на Австралија опен се обидуваат да договорат голем број на комерцијални летови и во голем број градови во Австралија да бидат организирани места каде ќе се спроведе задолжителниот карантин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА