Австралија извлече бод во дуелот со Камерунците

Репрезентацијата на Камерун ремизираше во дуелот против Австралија (1-1) во 2.коло од Купот на конфедерации. Иако фаворитот доминираше на средбата, не ја сочува минималната предност во вториот дел и загуби важни бодови, кои значат пласман во следната рунда од Купот на конфедерации.

Африканскиот претставник на ова натпреварување во првиот дел имаше тотална контрола врз мечот, сепак до водство дојдоа пред финишот на полувремето. Играчот од средниот ред на Камерун, Франк Андре Замбо по една долга топка се снајде пред шестнаесетникот на Метју Рајан, со прекрасен лоб донесе славје за тимот пред паузата.

Случувањата од првиот дел најавуваа дека Камерун ќе продолжи со контролата на теренот и резултатот. Сепак, во 60. минута Мабука му пресуди на својот тим, откако направи пенал во корист на „кенгурите“, по кој Марк Милиган ги постави конечните 1-1 во дуелот од второто коло во групата Б.

Камерун се уште е без победа на овој турнир, Австралијците се во иста ситуација, со по еден освоен бод го делат третото, односно четвртото место. Шансите за поголем успех се минимални и за двете репрезентации, со оглед дека во следното коло ги очекува меч против Германија, односно јужноамериканскиот првак Чиле.

https://www.youtube.com/watch?v=WeX3mwpUELghttps://www.youtube.com/watch?v=yZHzjNpNIUU

Се вчитува...