„Австралија опен беше наместен за да го освои трофејот манекенот на најголемиот спонзор“

Поранешниот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Србија, Богдан Обрадовиќ ги прокоментира случувања на Австралија опен, односно депортацијата на Новак Ѓоковиќ и освојувањето на титулата на Рафаел Надал.

Тој смета дека целиот турнир е наместен како трофејот би го освоил Шпанецот кој дели ист спонзор со првиот гранд-слем турнир.

„Со векови не лажат, па си продолжија со таа традиција за сите да мислат дека тие се во право, а всушност не се. Го тргнаа Новак додека е најдобар со три освоени трофеи и едно финале од минатата сезона, а тоа покажува и дека е најдобар на сите времиња. Не му дадоа да игра и измислија глупи причини да му го дадат трофејот на манекенот на „КИА“. Се е наместено и веќе видено“, изјави Обрадовиќ. 

Се вчитува...