Австралија Опен дозволи и невакцинирани, но ќе мораат две недели во карантин

Утрово од Австралија Опен стигнуваат вести дека тенисерите кои не се вакцинирани, а кои сакаат да настапат на првиот Гренд Слем следната сезона, ќе можат да допатуваат во Мелбурн, но само под услов да поминат двонеделен карантин.

ВТА испратила мејл до тенисерките во кој ги информира дека во Мелбурн можат да играат и невакцинирани играчи, но дека ќе мора да поминат задолжителен карантин во хотел. Вакцинираните тенисери нема да мора да поминуваат низ такво нешто, но секако ова е добра вест за Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев кои се уште немаат примено вакцина за Ковид-19.

Австралија опен треба да се одржи од 17 до 30 јануари 2022 година.

Се вчитува...