Австралија опен: Двајца тенисери позитивни на коронавирус

Организаторите на Австралија Опен се соочија со првиот сериозен проблем откако австралиските власти објавија дека двајца тенисери кои треба да учествуваат на овој гранслем турнир се позитивни на коронавирус. Имињата на заразените не беа објавени, туку само дека станува збор за една жена со дваесетина и маж во своите триесетина години.

Околу илјада луѓе пристигнаа со специјални чартер-летови во Австралија и согласно законите на локалните власти мораат да минат 14 дена во карантин пред почетокот на турнирот. Досега севкупно се појавија седум случаи позитивни на коронавирус, но тоа е бројка на тенисери, тренери и останат персонал, сите заедно допатуваа во исти чартер-летови во Мелбурн.

Тенисерите се повеќе го креваат гласот поради лошите услови за престој во хотелот, Новак Ѓоковиќ испрати барање за подобри услови што веднаш му беше одбиено, па повеќе од јасно е дека ова ќе биде најневообичаениот гранслем турнир во последните дваесетина години.

Се вчитува...